
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
5 топ прашања со познатиот физиотерапевт од Битола Илија Жежов
Илија, велите работата,теретаната и сонот ви се најважни - зошто е тоа баш така?
Илија - Работата ми е поврзана со здравјето на моите пациенти, па затоа секогаш ја ставам на прво место.
Болката и проблемите на пациентите се моја секојдневна борба за нивна помош, па затоа имам задолжителна и одговорна обврска да им се посветам не 100 туку 200% на моите пациенти во врска со нивното здравје.
Што се однесува до теретаната, таа исто така е мојата најголема пасија во животот.
Кога сум во теретана тогаш велам дека е моментот и моето време за себе, токму тогаш уживам во времето на спортувањето и инвестирањето во своето здравје.
Што се однесува до спиењето спијам само 4 до 5 часа и тоа ми е сосема доволно.
Не сакам многу спиење, сакам животот повеќе да го поминам буден и активен.
Дванаесет години работа во Катлановска бања ,сега своја ординација.
Каде беше подобро и што беше предизвикот да бидете самостоен во своето работење?
Илија - Да, после 12 години работа, максимална посветеност во Катлановска бања одлучив и решив дека идината ја гледам во приватното здравство и еве веќе 7 година по ред работам во мојата приватна ординација „ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ“.
Ако ме прашувате каде е подобро, работата е иста, па приватно и со повеќе обврски, но до ден денес жалам што не сум со професионалниот и крајно пријателски и колегијален колектив во Катлановска бања.
Ние бевме еден посебен тим, би рекол тим што во наредните 20 до 30 години тешко може да се најде и да се состави баш таков стручен пресонал во еден колектив.
Ова верувајте ви го кажувам од срце бидејќи секој сака да има професионалност во работата, а тоа за жал денес е многу, многу ретко.
Моите колеги, колешки беа вистинско злато од луѓе, но сите се растрчавме кој ваму, кој таму...
За среќа сите станавме уште поуспешни во својата работна област.
Катлановска бања беше и ќе остане за мене институција број еден, во која научив скоро уште би рекол „два факултети“ ,но секој си го гледа подобриот пат во животот.
Благодарен сум на целиот менаџерки тим и на пациентите за целокупната доверба која ја имаа во мене, денес дел од тие пациенти се и мои пациенти и во нашата приватна ординација.
Од Битола во Скопје, па со ординација во Гостивар, специјализација во Белград, нели е напорно сето ова?
Илија - Па видете, долги години живеам Скопје, Битола е мојот роден град каде никогаш не би заборавил од каде ми е потеклото и корените, ние од Битола на шега велиме - Од кал да си од Битола да си. Така што ако направите добар план нема напор, ако сте без „копмас“ во живото секако дека ќе биде напорно.
Мене сето ова патување ми е како некоја авантура, и сето ова постигнување го уживам на свој начин.
Патувам секој ден, одговорно кон сите свои обврски и засега се е како што треба.
Што се однесува со специјализацијата во Белград поради протестите во Србија се уште не сме повикани за полагање на испитите, но сметам дека од наредната година ќе се стабилизира ситуацијата и ќе продолжиме со специјалистичките студии да чекориме напред се до крајната цел на успехот.
Ајде малку за вашиот приватен живот..Што прави Илија во слободно време и
каде годинава ќе уживате или веќе бевте на летување?
Илија - Па често спојувам викенди за Грција, а официјалниот одмор го оставив годинава за месец септември.
Искрено се уште сум во фаза на размислување помеѓу Тасос или Закинтос ,но морам да признаам дека лани поминав преубаво на Скијатос и пак би го избрал тоа место, но убаво е човек да лоцира спомени на различни места.
Така да, само здравје...
За крај, што би им препорачал на своите поддржувачи, пациенти и клиенти?
Илија - Пред се здравје, среќни и исполнети.
Да си посветуваат време на себе и на своето здравје и да бидат повеќе физички активни.
Иако ова за некои ќе звучи чудно, но морам да кажам дека спортувањето и пешачењето го продолжуваат животниот век за 10 до 15 години плус.
Затоа често да бидат активни, и секако да одберат спорт што токму ним ќе им одговара и ќе им прави задоволство.
Што се однесува до здравјето, сите здрвствени превентивни прегледи да ги направат навремено и одговорно како кон себе.
Текст ПР