2win800x200

Познатиот физиотерапевт Жежов ќе отвори втор центар за физиотерапија во Битола "Физиотерапевт Здравје 2"

Февруари 25, 2026

Убава вест за битолчани и граѓаните од Пелагонискиот регион.

 
Познатиот специјалист и  физиотерапевт Илија Жежов од Битола, со своето 19 годишно работно искуство во физикалната медицина од 01.09.2026 ќе го отвори и вториот Центар за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ 2  во Битола. Како што ни потенцираше Жежов - време е битолчани да добијат квалитетни физикални здравствени услуги во центарот. Во Центарот ќе се реализираат спортски рехабилитации, медицински услуги со масажи, кинезитерапија вежби, киропрактика, медицински третмани за лице и тело, релакс и спортски масажи како и електротерапија од најновата современа апаратура од БТЛ апарати. Услугите ќе бидат достапни за сите граѓани по претходно закажани термини.
За потсетување Илија Жежов своето работно искуство во период од 12 години го има стекнато во специјалната установа за медицинска рехабилитација и физикална медицина Катлановска Бања - Катланово Скопје, а подоцна и 7 години работа во ПЗУ ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ 1 во Гостивар, додека од септември ќе продолжи да имплементира здрастевни услуги и во ново отворениот центар за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ број 2 и во Битола. 
Работните обврски за физиотерапија кои  Жежов ќе ги имплементира во новиот центар за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ број 2 ќе бидат во работните денови понеделник, среда и сабота од 08 до 20 часот, додека вторник, четврток и петок ќе биде во својот матичен центар за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ број 1  во Гостивар. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани