Адвокатот Оливер Илиевски од Адвокатското друштво ИЛИЕВСКИ, ПЕТРОВСКИ, ХРИСТОВСКИ и ДОДОВСКИ Битола избран за претседател на Адвокатската Заедница Битола.
Денес на ден 26.02.2026 година во просториите на Основниот суд Битола се одржа Собир на адвокатите од Адвокатската заедница во Битола, на кој едногласно беше одлучено Адвокатската заедница Битола во следните 4 години да ја претставува Адвокатот Оливер Илиевски од Адвокатското друштво ИЛИЕВСКИ, ПЕТРОВСКИ, ХРИСТОВСКИ и ДОДОВСКИ Битола.
Покрај претседател битолските адвокати избраа и 14 претставници - делегати кои ќе ја претставуваат Заедницата на Изборното собрание на АКРСМ во Мај годинава, на кое ќе се избира нов Претседател на Адвокатската Комора и членови во органите на Комората.