2win800x200

Затворена обиколницата кај Битола поради свлечиште, сообраќајот се пренасочува низ градот

Февруари 26, 2026

Обиколницата околу Битола е затворена за сообраќај од 18:30 часот поради свлечиште, информира ЈП „Македонијапат“.

Од претпријатието соопштија дека сообраќајот привремено се пренасочува низ градот Битола, додека екипите работат на расчистување на теренот, пренесува МИА.

Екипи на ЈП „Македонијапат“ се на лице место и преземаат активности за отстранување на свлечиштето и што побрзо нормализирање на сообраќајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани