НА СЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ И УРБАНАТА ОПРЕМА СО НОВИ ЕЛЕМЕНТИ
8-та седница на Советот на Општина Битола е закажана за вторник 31 март, а пред неа расправите во матичните комисии.
Пред советниците ќе се најде одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2026 година, потоа програмата за измени и дополнување на програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2026 до 2028 година, како и измените на програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2026 година, измените и дополнувањата на програмата за економски развој на Општина Битола за 2026 година и измените и дополнувањата на програмата за финансирање и изработка на Урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола.
Меѓу точките од дневниот ред и програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола, како што се и електричните полначи за автомобили и автобуси, локации за полнење на електрични велосипеди и паркомати.
Советниците ќе носат и одлука за поставување урбана опрема – тезги и трицикла на подрачјето на Општина Битола.