2win800x200

Драмата "љубовни писма" на Недеска и Ангелов ја воодушеви публиката во книжевниот клуб УТОПИА Битола

Март 26, 2026

Книжевниот клуб УТОПИА како алтернативна театарска сцена: дуо-драмата „Љубовни писма“ ја воодушеви битолската публика. 

 Messenger creation ED5399F7 878B 4AE7 AC5C 7A8B97320EC7
Со камерната дуо-драма „Љубовни писма“, која се одигра во просторот на УТОПИА Битола доби уште една потврда дека современиот театар не мора да живее исклучиво на институционални сцени.
 
Претставата, во изведба на реномираните актери Верица Недеска и Игор Ангелов, донесе интимна, суптилна и емотивно прецизна интерпретација на текст што преку писма ја следи сложената врска меѓу два лика низ период од пет децении.
 
Верица Недеска, актерка со богато театарско, телевизиско и филмско искуство, позната по својата сценска дисциплина и емоционална длабочина, уште еднаш потврди дека минимализмот е нејзина силна страна. Нејзината интерпретација се движеше меѓу тишина и експлозија, градејќи лик што публиката го чувствува, а не само го гледа. Messenger creation 0EF4C9E2 5A51 42FC 9469 81E6CA63B908
 
Игор Ангелов, актер со долгогодишна и разнолика кариера, препознатлив и по своите авторски и монодрамски проекти, ја донесе својата карактеристична сценска прецизност и суптилна иронија. Неговото присуство на сцената не е наметливо, туку органско, што ја прави комуникацијата со публиката директна и искрена. Messenger creation 80872F03 6EED 4C8D A1EC 4B4DE9BF765F
 
„Љубовни писма“ за првпат се изведува надвор од Скопје (каде што се игра во DUDE кафетеријата), а битолската публика имаше ретка можност да ја доживее оваа камерна форма во простор што природно ѝ одговара.
 
Со ова гостување, UTOPIA продолжува да се позиционира како нова, алтернативна театарска сцена во Битола, простор за монодрами, дуо-драми и камерни претстави кои бараат блискост, концентрација и вистинска емоционална размена со публиката.
 
Ова е второ вакво театарско гостување во УТОПИА, по претставата „Сите најубави нешта“ на ОХО продукција во режија на Дејан Пројковски, по текстови на Данкан Мекмилан а во изведба на Игор Ангелов, што дополнително ја зацврстува идејата за клубот како место каде театарот се враќа на својата суштина, актерот и гледачот во директен однос.
 
Со вакви програмски избори, УТОПИА не само што отвора нов простор за театар во градот, туку и создава публика што бара повеќе од класичната сцена. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани