
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолското Основно јавно обвинителство ги координира дејствијата за целосно испитување на сомненијата за труење со храна во РЕК „Битола“, поради што лекарска помош од вчера до денеска претпладне побарале стотина лица. Дека ОЈО Битола е известено за случајот информираа од Јавното обвинителството на Република Северна Македонија, откако претходно беше соопштено дека Државниот санитарен и задравствен инспекторат (ДСЗИ) привремено ја затворил кујната во Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) „Битола“. „Во однос на сомненијата за труење со храна во РЕК ‘Битола’, Основното јавно обвинителство Битола е известено и ги координира дејствијата за целосно испитување на настанот“,велат од Јавното обвинителството. Надлежните испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби на кои вчера се пожалија работници во комбинатот. Тие тегобите ги пријавиле откако јаделе лазањи со сос во мензата на комбинатот.
