
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола покрена истрага и предложи притвор против 31-годишен битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија. Од Обвинителството соопштија дека осомничениот, кој инаку бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април годинава, на компјутерските уреди и опрема што ги користел дома, за себе набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.
За детална проверка на сите добиени сознанија во врска со случајот, од Обвинителството информираат дека освен во Битола, се преземаат дејствија и се вршат проверки и во Скопје и други градови.
соопштија од Обвинителството.
Во рамки на акцијата за откривање на корисниците на ИП-адресите кои се обиделе да пристапат до една или повеќе веб-страници, австралиските служби идентификувале повеќе корисници, нивните електронски и ИП-адреси од кои дел во Македонија, за што испратиле известување и до македонските истражни органи.
