2win800x200

МОН -Земјоделската струка од средното училиште „Кузман Шапкарев“ Битола се префрла во средното училиште „Таки Даскало“

Април 03, 2026

МОН ги демантира натписите  кои наведуваат дека се затвора средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола.

– Земјоделската струка од средното училиште „Кузман Шапкарев“се префрла во средното училиште „Таки Даскало“ и ова е наведено во Конкурсот за упис во средни училишта за учебната 2026-2027 година.

 

Наставниците не го губат работното место, продолжуваат да им предаваат на постојни запишани ученици кои и натаму ќе посетуваат настава во „Кузман Шапкарев“, но и на новите што ќе се запишат во „Таки Даскало“. – информираат од МОН за Инфомакс.

Според МОН, во училиштето има повеќе вработени, од ученици, па според тоа новата генерација ќе учи во училиштето „Таки Даскало“, но „Кузман Шапкарев“ ќе продолжи да функционира за досега запишаните генерации.

Од МОН нагласуваат дека ниту еден наставник нема да ја загуби работата, само се намалуваат трошоци кои се фиксни, а нема доволен број на запишани ученици.

Инаку од МОН додаваат дека Министерството активно води кампањи за запишување во средно стручно училиште, меѓутоа одредени струки заостануваат. Поради тоа има стипендии од 3.500 денари за ученици запишани во стручни училишта, а дополнително стипендиите за Земјоделски факултет изнесуваат 18.000 денари, како и за математика, хемија и физика, кои се дефицитарни струки

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани