2win800x200

Конститутивната седница на Советот за женско претприемништво во Битола

Април 15, 2026
Советот за женско претприемништво е советодавно и координативно тело формирано од Општина Битола со цел поттикнување, развивање и подршка на женското претприемништво, економско зајакнување на жените и унапредување на локалните политики поврзани со претприемачкиот развој.
Денеска се одржа конститутивната седница на овој втор Совет на која беа избани новите раководни тела. За претседавач беше избрана Моника Марковска- д-р по менаџмент, за заменик претседавач Павлина Василевска- дипломиран економист и за секретар Анита Крстевска- дипломиран економист.
На седницата присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и претседателката на комисијата за еднакви можности Марина Крстиќ советничка и заменик градоначалничка.
Пред присутните 21 член на овој Совет се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
„Да се заблагодарам најпрво на досегашниот состав за сите активности кои заедно ги спроведовте и навистина сте достоен репрезент и препознатлив не само во градот, тоа е веќе надминато и мислам дека даваме добар поттик за другите градови. Со вашите активности, сите ваши собири, она што може да се види и да се научи сте добар поттик помладите од вас да започнат свој бизнис, да се охрабрат, да останат во овој град, што за сите нас е секако најголемиот мотив“ рече Коњановски.
На седницата се најде и разгледувањето на Деловникот за работа, потоа разгледување и усвојување на извештај за активностите на Советот за женско претприемништво за 2025 година, како и планирањето на идни активности во рамките на Програмата на Советот за женско претприемништво на Општина Битола за 2026 година.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани