2win800x200

Битолската лекарка Соња Коцарева-Трпезановска како внука на докторот со светско реноме Анастас Коцарев го прими орденот "Илинден 1903"

Април 18, 2026

Битолската лекарка Соња Коцарева- Трпезановска како внука на докторот со светско реноме д-р Анастас Коцарев го прими  постхумно одликувањето  Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот исклучителен придонес во афирмирањето на идејата, заложбата и борбата за признавање на самобитноста на македонскиот народ.

 FB IMG 1776500340559
Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова на истакна дека Коцарев е човек од знаење, научник од светски глас и неспорна почит, творец и истражувач чии дела и методи се цитирале и се цитираат во современата медицина, но и политички ангажиран интелектуалец со јасни македонски политички заложби. FB IMG 1776500331116
 
"Со постхумната награда и со обележјето на куќата во којашто е роден, ќе го вратиме Анастас Коцарев дома, а Охрид ќе добие уште еден великан!" , рече претседателката Силјановска-Давкова.

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков објави- "Ми претставува чест што денес присуствував на свеченостите организирани во чест на нашиот сограѓанин, докторот со светско реноме, д-р Анастас Коцарев.

FB IMG 1776500288944
‎Заедно со неговата внука Соња Коцарева-Трпезаноска ја откривме спомен-плочата пред неговата родна куќа, а во Куќата на Робевци присуствувавме на пригодна свеченост на која орденот на д-р Коцарев беше положен во посебна витрина.
‎Особено ме радува што семејството Коцареви денес ми ја врачи иницијативата, плоштадот  „Чинар“ да биде преименуван во плоштад „Анастас Коцарев“ и неговото име да биде вклучено во Програмата на Општина Охрид за одбележување значајни личности и настани.
‎Д-р Анастас Коцарев е гордост на Охрид и Македонија, пионер на радиотерапијата и научник чие дело и денес се почитува и цитира ширум светот", објави градоначалникот Пецаков. FB IMG 1776500323829 
 Од името на семејството се обрати Соња Коцарева-Трпезановска, која потсети дека Коцарев бил светски признат онколог и истовремено активно вклучен во борбата на македонскиот народ за сопствена држава.

"Конечно му се оддава почит во неговиот роден град. Се надеваме дека неговото дело ќе биде трајно зачувано и чествувано"   истакна д-р Соња Коцарева- Трпезановска .

 FB IMG 1776500277626 FB IMG 1776500267341 FB IMG 1776500258003 FB IMG 1776500261526  FB IMG 1776500267341
Одликувањето, едно од највисоките државни признанија, семејството го донираше на Заводот и Музеј – Охрид, каде што ќе биде изложено во Куќата на Робевци.  Д-р Анастас Коцарев (Охрид 1890 - Париз 1931) македонски деец и лекар онколог, еден од пионерите кој работел на истражување и лекување на ракот. Соработувал со нобеловката Мари Склодовска-Кири и на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата. Д-р Коцарев е првиот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Тој е најверојатно, покрај Мајка Тереза  единствениот Македонец што со своето дело бил многу блиску до добивање на Нобеловата награда. Anastas Kotsarev                        Текст Анета Блажевска  
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани