Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт!, објави претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојковски.
Денес, Комисијата за спорт при Советот на Општина Битола, согласно јавниот повик донесе ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА за субвенционирање на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории.
Целосно покриена членарина
Согласно јавниот повик, Општина Битола целосно ќе ја покрива членарината за децата од ранливи категории кои се дел од спортски клубови.
Со оваа мерка:
Поттикнуваме активно учество во спорт. Даваме поддршка на семејствата на кои им е најпотребна
Овозможуваме еднаков развој и здрави навики кај децата
Продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на младите и развој на спортот во Општина Битола. Членови на комисијата се:
Мартин Ивановски - претседател
Бојан Бојкоски - член
Александар Цветановски - член
Стефан Тековски - член
Александар Дракуловски - член