2win800x200

Претставници на Швајцарската амбасада во посета на ЈП Водовод Битола

Април 22, 2026

ВОДАТА Е ЖИВОТ-ЗАЕДНО ЈА ЧУВАМЕ. КОЊАНОВСКИ И ГИНОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДА

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска присуствуваше на работниот состанок во ЈП „Водовод“ Битола, каде со директорот Андреј Гинов имаа средба со претставници од Швајцарска амбасада за реализација на проектот за надминување на постојните предизвици. 
 FB IMG 1776873219981
Проектот кој е насочен кон модернизација на водоводниот систем, опфаќа прецизна евиденција и контрола на потрошувачката, воведување SCADA систем и современи водомери, подобрување на наплатата и намалување на загубите, со посебен акцент на руралните средини. FB IMG 1776873411534
 
Оваа иницијатива произлегува од реалната потреба за технолошка модернизација и дигитализација на системот, со цел обезбедување поефикасно управување со водните ресурси.
На средбата беше истакната значајната соработката и со европските фондови, чија поддршка овозможува развој и имплементација на современи решенија. Нивното активно учество претставува клучен фактор за понатамошно унапредување на системот.
 
Овој проект претставува прва фаза од поширок процес, кој во иднина треба да прерасне во целосна дигитализација на водоводната мрежа, особено во делот на автоматизирано отчитување во руралните средини.
 
Со инвестиции во инфраструктурата и дигитализација, се очекува зголемена ефикасност на системот, подобрување на услугите кон корисниците и одржливо и одговорно управување со водните ресурси.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани