2win800x200

Утре без струја делови од Битола и повеќе села

Мај 12, 2026

Повеќе населени места и делови од Битола утре, 13 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат надлежните служби.

Според објавениот распоред, првиот прекин ќе трае од 06:30 до 16:00 часот и ќе ги опфати селата Брод, Сливица, Скочивир, Бач, Гермијан, Живојно, Кременица, Меџитлија, Егри, Гнеотино, Тепавци, Гнилеж, Ивени, како и индустриската зона Жабени и повеќе стопански објекти и компании во регионот.

Дополнителен прекин е најавен и во делови од градот Битола во периодот од 09:05 до 13:00 часот. Без струја ќе бидат улиците „Сисак“, „Епинал“, „Блаже Конески“ и дел од улицата „Круме Кепески“ со околните станбени и деловни објекти. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани