2win800x200

Новата метода во Хоспис „Сју Рајдер" Битола - ехосонографски преглед на абдомен

Мај 28, 2026
Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ вчера со заменик министерот за здравство Јовица Андоновски присуствуваше на пуштањето во употреба на новата метода во Хоспис „Сју Рајдер" – Битола. За надворешни пациенти е достапен ехосонографски преглед на абдомен (ехо на абдомен) — по систем на претходно закажување на Мој термин.
„Со големо задоволство ја поздравувам новата здравствена услуга во Хоспис „Сју Рајдер“ Битола, со која ехосонографскиот преглед на абдомен станува подостапен за битолчани и за граѓаните од целиот регион. Ова е уште еден значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита и обезбедување современи медицински услуги блиску до граѓаните, без потреба од дополнителни патувања и чекања.
Општина Битола, останува посветена на поддршката на иницијативи кои значат подобра здравствена грижа, поголема достапност и поквалитетни услови за сите наши сограѓани. Битола заслужува современи и достапни здравствени услуги и токму затоа секој ваков напредок е значаен за целиот град“ вели Крстиќ.
Хосписот „Сју Рајдер" – Битола продолжува да го проширува спектарот на специјалистички услуги за граѓаните на Битола и регионот, обезбедувајќи современа здравствена заштита — на едно место.
 
709101490 1020870670295814 4275648525552101409 n
709013890 1020870663629148 1857755120414147641 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани