2win800x200

Библиотеката ,, Св. Климент Охридски" Битола оствари меѓународна соработка со библиотексата од Сплит, Хрватска

Мај 29, 2026

НУУБ ,,Св.Климент Охридски" Битола оствари меѓународна соработка со Градската библиотека „Марко Марулиќ“ од Сплит, Р.Хрватска

 
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола претставувана од делегација во состав: директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова, Зоран Јанакиевски и Јулијана Христовска-Кулевска, активно учествуваше на меѓународниот стручен собир којшто се одржа во Сплит. Првиот ден во Технолошкиот парк 3D „Mediterranean“-Сплит имаше претставување со научен труд, панел дискусија на тема: „Современи пристапи во обликувањето на библиотечните простори за деца и млади“ и наша постер-презентација. Потоа имавме посебно претставување на нашата Библиотека со видео презентација и говор од страна на директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова во библиотеката „Далматина“-Сплит.
Во рамки на настанот беше формализирана соработката помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и Градската библиотека „Марко Марулиќ“ од Сплит преку потпишување на Меморандум за соработка од страна на директорките м-р Емилија Стефановска-Давкова и Гроздана Рибичиќ, со што се отвораат нови можности за размена на книги, материјали и професионални искуства, преку заеднички проекти, размена на кадар и меѓународни, како ЕРАЗМУС+ програми. 
 
На овај меѓународен стручен и научен собир учествуваа истакнати експерти, како и претставник од ИФЛА г-дин Ayub Khan, член на извршниот одбор при IFLA, како и професионалец со над 25 години искуство на високи позиции во областа на библиотекарството. Беа присутни многу домашни и странски библиотекари, како и архитекти, социолози, психолози и педагози кои учествуваа во програмата.
Потоа, во наредните денови беше организирана посета на островот Шолта, каде се посети „Куќата на Марко Марулиќ“ во Нечујам, Братската куќа во Грохота, како и Спомен-собата на Весна Парун.
Оваа меѓународна соработка започна минатата 2025 година со неколкудневната посета на Градската библиотека „Марко Марулиќ“ од Сплит, благодарение на Хрватскиот културен центар и МХД „Марко Марулиќ“, раководенo од Бранко Маретиќ и Неда Маретиќ.
Оваа меѓународна соработка ја оценуваме како исклучително успешена, одлично организирана, а со тоа и се истакна посветениот и професионален тим на ГКММ предводен од директорката Гроздана Рибичиќ. 
 
Ова е првата меѓународна соработка, од проектите за меѓународна соработка, поддржана од страна на Министерството за Култура и Туризам.  att.Ecn ShIiOt f0wSZM56MsfSFT xmRjW7M6go03TMosA
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани