2win800x200

Млекара Ѓоргиеви демантира дека е поврзана со скандалот за неправилно декларирање на млечни масти

Јуни 01, 2026

Млекара Ѓоргиеви, Радовиш, со овој допис јавно ја демантира секоја информација со која директно или индиректно се поврзува нашата компанија со скандалот за неправилно декларирање на млечни масти, објавен во изминатите денови.

Официјален извор на информации е Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). АХВ во своето официјално соопштение НЕ ги објави имињата на казнетите оператори. Секое именување или асоцирање на конкретен производител без официјална потврда претставува ширење на неверодостојни информации.

Млекара Ѓоргиеви до денес 1.6.2026 19ч не примила никакво решение, казна или известување од АХВ за неправилности во квалитетот или декларирањето на нашите производи.

Бараме итно отстранување или јавна исправка на секоја содржина со која се доведува во прашање репутацијата на нашата компанија без фактичка и правна основа.

Крсте Ѓоргиев
Управа на Ѓоргиеви ДООЕЛ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани