
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Двајца млади мажи се лишени од слобода откако биле затекнати при извршување тешка кражба во кругот на РЕК Битола – Рудник „Суводол“, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 2 јуни, околу 03:00 часот, полициски службеници од СВР Битола ги привеле Д.Ќ. (25) од Битола и С.А. (18) од Прилеп, кои биле фатени на дело при вршење кражба во комбинатот.
Од МВР соопштија дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот, против двајцата осомничени ќе биде поднесена соодветна пријава.
