2win800x200

Како Битола се ангажира за бездомните кучиња

Јуни 03, 2026

РАБОТИЛНИЦА ЗА АНГАЖМАНОТ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА ВО УПРАВУВАЊЕ СО ПОПУЛАЦИЈАТА НА КУЧИЊА

 
Состанок на општините од овој Пелагониски регион денеска во Битола организираше Агенцијата за храна и ветеринарство на тема „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на кучиња. Главна цел е да се прикаже управувањето со популацијата на бездомните и напуштени кучиња како алатка за одржување на бројот, составот и стабилноста на вкупната популација на кучиња преку заеднички пристап, ангажман и вклучување на сите релевантни чинители. FB IMG 1780489926486
 
Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој зборуваше за решението кое пред неколку години го презеде општината, како и за функционирањето на прифатилиштето „Хачико“, и проблемите кои се предизвик за решавање.
 
„Во оваа прилика сакам да истакнам дека Општина Битола во континуитет правеше сериозен напор да изгради соодветно прифатилиште кое ги задоволува сите стандарди за хуман третман на животните, доби одобрување за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство за прифатилиштето, направивме мониторинг на уличната популација на кучињата, обезбедивме средства за да отпочнеме со хуманиот третман на животните, изработивме програма за хуман тертман на животните која ги дава насоките по кои се става под контрола овој проблем“ рече градоначалникот Коњановски.
 
На состаноците кои низ регионите ги организира Агенцијата за храна и ветеринарство се презентираат нови пристапи за управување со популацијата на кучиња,  преку стандардите на хуман, стручен и безбеден начин со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на кучињата, да се обезбеди придобивки за јавноста, јавното здравје и животната средина.
 
„Ново што сакаме денеска да го презентираме се фактички три нивоа. Едното ниво е да направиме оперативност на базата на податоци која што веќе постои во Агенцијата за храна и ветеринарство, второ е да воведеме мерки за контрола на размножувањето на кучињата и трето е да промовираме поголема стерилизација и кастрација на кучињата, заради тоа што цело време во Македонија зборуваме за бездомна популација, а воопшто не зборуваме за изворите од каде што доаѓаат новите кучиња“ рече Влатко Илиески, професор на Ветеринарниот факултет од Скопје.
 
Овој настан Агенцијата го организира во соработка со сите релевантни институции и чинители во процесот, со цел усогласување на активностите, размена на информации и воспоставување на нов, системски принцип на решавање на проблемот.
 
„Формиравме работна група и работиме во осумте плански региони сукцесивни состаноци. Досега сме стигнати на половина со оваа активност и единствен заклучок, униформeн заклучок од сите досегашни состаноци и согледување е дека е прашање на одговорност на сопствеништво. Што подразбира тоа? Дека имаме размножување на сопственички кучиња, неконтролирано и потоа оставање на младите да се снаоѓаат и тоа е всушност зголемување на бројката на бездомна популација“ рече меѓу другото Ангела Грујовска, вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство.
 
Пред присутните беше пренесена и информација за воведување на нова законска рамка.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани