
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Австрискиот амбасадор Мартин Памер денеска беше гостин на настанот подготвен од учениците од секцијата по германски јазик од ООУ "Даме Груев" Битола под менторство на наставничките Данијела Босилковска и Симеона Павловска, а по повод 100 години од смртта на лиричарот Рајнер Марија Рилке и 100 години од раѓањето на писателката Ингеборг Бахман. Настанот беше во организација на ООУ "Даме Груев" и во соработка со НУУБ "Св. Климент Охридски" Битола и директорката Емилија Стефановска Давкова. На настанот се обратија амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер, директорката на ООУ "Даме Груев" Битола, Билјана Бакиевска и директорката на НУУБ "Св. Климент Охридски" Битола Емилија Стефановска Давкова. Фото АПЛА.мк
