АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уметничката инсталацијата "Handle with Care" на 13 ноември со почеток од 18.00 часот ќе биде отворена во просториите на Центар за култура (фоаје први спрат) во Битола. Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена Порта Скопје е организатор на уметничката инсталацијата со поддршка на Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија и Тирана.
Инсталацијата Handle With Care е иницијатива на уметничките Patricia Kaersenhout and Jimini Hignett како дводелна изложба во Tropenmuseum во Амстердам како дел од изложбата за комеморација на 150 годишнината од укинување на ропството во Холандија.
Handle With Careе насочено кон постоењето на денешниот вид на ропство, брутална реалност за жените кои биле турнати во ланецот на трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.
Подот на инсталацијата е обложен со прекрасен тепих направен од користени, црвени, женски алишта. Посетителите мораат да одат врз тепихот за да ги разгледуваат останатите изложени експонати, ова ја симболизира опресијата на жените и начинот на кој правата на жените се континуирано исфрлани и погазени.
Вториот дел од инсталацијата се видеа од растечкиот серијал на уметничката, Монолози од Проститутки (The Prostitution Monologues), направени во соработка со жени кои успеале да излезат од присилна проституција во Холандија и од други простори. Отворена порта/ Ла Страда како координатор во Македонија на овој патувачки проект организира промотивни настани и дискусии во 3 градови во Македонија (Скопје, Битола и Тетово).
Целта е да се подигне свеста во нашите заедници во врска со трговијата со луѓе како вид на ропство и преку уметноста ќе успееме да ги прикажеме женските животни приказни ширум светот.