2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Вандализам во Беранци- училиштето го испрскале со прегорено масло

Ноември 27, 2018

Вандали ноќеска со прегорено масло ја испрскале фасадата на подрачното основното училиште „Кочо Рацин“ во селото Беранци, Општина Могила. Со прегорено масло од трактор испрскана е влезната врата и влезните скали како и голема површина од фасадата. Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска го осудува ваквиот вандализам и бара од полицијата да се откријат и казнат сторителите . Настанот е пријавен во СВР-Битола по што се очекува да се изврши увид на лице место.received 371594973590796

Во истовреме градоначалничката Гулевска , е револтирана што исто така синоќа во населеното место Могила вандали ги искршиле реквизитите и урабаната опрема во паркот „Димче Могилчето“ , така што крлешките ги откорнале и од бетонот.

Жителите на Могила велат дека е потребно поголемо присуство на полицијата на терен, за да не доаѓа до вакви настани.

Општината изгради и ново монтажно училиште во село Ношпал, каде токму денеска се става нова врата, па од локалната власт прашуваат на кого му пречи развојот на општината и изградбата на училиштата во селските средини.

 

Ова не е првпат вандали да дивеат низ Могила. Во изминатиот период, непознати лица во неколку наврати потпалуваа штали, бали и добиточна храна и уништуваа ниви. За десет месеци изгореа околу 5.000 бали сено, слама и луцерка и над 1.000 килограми собран тутун, a земјоделски производи се уништени и по нивите. Беа запалени шталата и плевната на лице вработено во спортската сала во Могила, сламата во сопственост на Општина Могила наменета за пелети за загревање на општинската зграда и на школото во Беранци, сеното и сламата во сопственост на семејството на градоначалничката, а беа уништени и ниви со тутун на советник од Општината и на лице вработено на стадионот. Досега, јавноста не е информирана дека се откриени пироманите и уништувачите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани