АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Едно лице загина, а четири се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи на патот Битола-Ресен кај месноста викана „Чешми“.
Несреќата се случи околу 16 часот при судир помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од с.Дрмени-ресенско. На местото на настанот починал Љ.П. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од с.Дрмени-ресенско. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.
Овој патен правец до 18 часот беше целосно затворен за сообраќај.