АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од утре метеоролозите најавуваат обилни снежни врнежи, кои ќе фомрмираат нова снежна покривка. Од ЈП „Нискоградба“-Битола велат дека се подготвени за новиот снежен бран и апелираат граѓаните кои живеат во тесните улици и ги оставаат своите автомобил на коловозите, доколку се во можност да ги отсранат за да може механизацијата на ова јавно претпријатие да го чисти снегот.
-Подготвени сме со цела механизациј, а има и доволно количини на сол и ризла. Прво пристапуваме кон улиците од прв и втор приоритет, а потоа и во споредните улици. Но во многу вакви улици има паркирани возила поради што при чистење на снегот може да дојде до оштетување на возилата. Затоа апел до граѓание, во среда и четврток, доколку се во можост, да ги отстранат возилата, за да можеме да излеземе во пресрет и во тие споредни улици. Исто така еден апел, при чистењето да не го фрлаат снегот на коловозите, рече Методи Силјановки, директор на ЈП „Нискоградба“-Битола
Според УХМР под влијаније на влажен и студен бран, во среда и четврток ќе има нови обилни врнежи од снег, особено во западните делови од Македонија. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, а на планините до 50 сантиметри. Заради ниските темпартури ќе има појва на голомразица.