2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Стефан Сакурмовски го фати светиот крст од водите на Шемница во Могила

Јануари 19, 2019

Могилчанецот Стефан Сакурмовски го фати светиот крст што во водите на река Шемница го фрли отецот Славе Петровски по повод големиот христијански празник Водици.

„Ова за мене е голема радост, светиот крст значи здравје, љубов и голем бериќет“, рече Сакурмовски.20190119 095346

Тој по крстот скокаше заедно со дваесетина други мажи во реката која беше замрзната, па за да се направи обичајот, претходно го имаа искршено мразот во делот каде што се фрли крстот. 20190119 0942040

„Традиционално тука крстот се фрла во водите на река Шемница без разлика колку и да е студено. Јас 24 години го фрлам крстот, отсекогаш во реката, не паметам да сум го фрлил во базен. Овој голем христијански празник им о честитам на сите верници и сакам да му посакам на среќникот кој го фати крстот здравје, среќа, бериќет. За многу години да е, нека ни е честита славата“, рече попот Славе Петровски.20190119 094029

На церемонијата присуствуваа над двесте могилчани и верници од други места, како и градоначалничката Јасмина Гулевска. Од Општината соопштија дека во 15 населени места каде што се фрлаше крстот на територијата на што ја зафајќа општина Могила, со одука на Совет и програмата за култура, за Водици доделкуваат ваучер со 5000 денари и по една икона за сите оние што ќе имаат среќа да го фатат крстот.

Могила празникот Водици го одбележа право со лицитација на икони во црквата „Св. Архангел Михаил“, каде поголема група верници имаа можност да лицитираат и купат икони. Потоа, верниците со литија и пеејќи стари водичарски песни се упатија кон реката Шемница каде се одржа традиционалното фрлање на светиот крст.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани