2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Центарот за култура во Битола ревија на македонски филмови

Јануари 28, 2019

Центарот за култура-Битола во своето 3Д-Кино од вечер до 3 февруари ќе ја промовира македонската кинематографија.

За филмофилите од овој град ќе бидат емитувани 11 нови и постари филмови од истакнати македонски режисери, а ревијата ќе почне со филмот „Кобра“ на режисерот Игор Иванов.

-На филмското платно ќе бидат и проекциите на филмовите „Соба со пијано“, „Три дена во септември“, „Панкот не е мртов“, „Копање“, „Скопје ремикс“, „Исцелител“, „Година на мајмунот“, „Џган“, „Ослободувањето на Скопје“ и филмот „Бикини мун“, но со тоа нема да заврши филмската ревија, бидејќи во текот на следниот месец на редовниот репертоар во нашето кино ќе бидат и филмот за тинејџери „Ема“, филмот за деца „Ловци и вештерки“, истакна Маја Андоновска-Илијевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Во битолското 3Д-Кино во текот на февруари ќе биде емитуван и филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи, односно по неговото враќање од Австралија.

-НУ Центар за култура-Битола во 2019 година ќе ја промовира и европската кинематографија, со зголемување на бројот на европски филмови на редовниот репертоар. Во таа насока е потпишаниот меморандум за соработка со Канцеларијата на МЕДИА на Агенцијата за филм на Република Македонија, како и соработката со Кинотека на Македонија која ќе биде интензивирана и со што ќе имаме поголем број филмски ревии во Битола, потврди Андоновска-Илијевски.

На редовниот репертоар во 3Д Кино Битола во февруари ќе бидат филмовите: трилерот Cold Pursuit, научно-фантастичнот филм Alita, анимираниот филм „Како да го дресирате вашиот змеј“, „Лего Филм 2“ и други.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани