АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Аматерскиот документарен филм „Пофалба за црвената телефонска кутија“, во траење од 8 минути, на авторот од Велика Британија, Џејмс Калмерс е добитник на „Гранд-при“ , наградата на 25- Интерационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера-300“-Битола. Наградените филмови на годинешното јубилејно издание на фестивалот ќе бидат прикажани во два дена , денеска и утре во две проекции во малата сала на Центарот за култура во Битола.
Меѓународната жири комисија по прегледувањето на филмовите одлучи „Златната камера -300“ да му ја додели на филмот „ Село во срцето на градот“ од авторот Радован Ѓериќ од Република Србија. „Сребрената камера -300“ја добија авторите Драго Латиновиќ и Илија Галоња исто така од Р. Србија за филмовите во циклус „ Прозорец во среќа“ и „Живот од прв ред“, додека пак „Бронзената камера-300“, ја освои филмот „Виолинист“ на македонскиот автор Петре Чаповски. И годинава УНИКА ја додели својата награда„Златен медал“ , таа му припадна на филмот „Страсна недела-Бигорски манастир“, на македонскиот автор Томе Љушев.
Стефан Хаџиандоновски, претседател на Советот на фестивалот и на кино клубот „Студио Милтон Манаки“-Битола, организатор и домаќин ,вели дека годинава се задоволни од квалитетот и бројот на пристигнати филмови како од нашата држава така и од странство.
-Мојот сон стана реалност , желбата да организирам фестивал во Битола се исполни пред 25 години како и инцијативата за организирање на големиот фестивал ИФФК „Браќа Манаки“ и поддршката што ја имаме од државата и општината, рече Хаџиандоновски.