2win800x200

ОУ„Гоце Делчев“-Битола , со награда „Посебно признание“ на манифестација „Најуспешни битолчани за 2018 година“

Февруари 23, 2019

Основното училиште „Гоце Делчев“ синоќа доби  награда „Посебно признание“на манифестација „Најуспешни  битолчани за 2018 година“.Училиштето е едно од најстарите училишта во градот , изградено 1847 год. во времето на османлиската власт и е дел од културно историското наследство на градот. Тоа е единствено двојазично училиште во градот и претставува модел за интеркултурно образование.Училиштето е препознатливо по својата култура и традиција, по својата средина во која изминатиот период се имплементираа многу новини со основна цел – унапредување на воспитно - образовната работа и постигнување на врвни резултати.

-Многубројните освоени награди, реализирани проекти, предавања, работилници и презентации се доказ за нашата работа. Како резултат на имплементацијата на многуте проекти во училиштето се преземени повеќе инфраструктурни зафати и обезбедена е современа техничка опрема, дидактички и нагледни средства што придонесува за постигнување на повисоки и трајни знаења, вели директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Биљана Стојковска.

bbbbbbbbbbbbbbbbbb

Според неа реализацијата на овие проекти е овозможена благодарение на раководните структури на училиштето, стручната служба, наставниот кадар, нашите ученици и родителите и општина Битола.

 

Дел од проектите во кој е вклучено училиштето во учебната 2018/2019 година

  • Проект „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ - Еко училиште со статус Зелено знаме;
  • Проект Меѓуетничка интеграција во образованието- мал грант (30.000ден обезбедени дидактички материјали и нагледни средства)
  • Проект Меѓуетничка интеграција на младите во образованието-финансирано од USAID (1.290.000ден.), кофинансиер општина Битола (129.000 ден)придобивки: сменати подови, врати, водоводна инсталација, одводна инсталација, плочки и санитарија во тоалетите, бојадисување на ходници и училници.
  • Проект Јакнење на меѓуетничката соработка со општините - мал грант (30.000ден обезбедени дидактички материјали и нагледни средства)
  • Проект НАНСЕН - модел за интеркултурно образование - финансирано од Нансен дијалог центар-Норвешка, опремени 9 кабинети со современа техничка опрема, училишен инвентар, нагледни средства и помагала, обезбедена стимулативна средина за учење преку молеро фарбарски работи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани