АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработени од ЈП ,,Водовод" ги исчистија наносите земја и чакал низ улиците во центарот на Битола по поплавата предизвикана од пукање на азбестна цевка.
Екипи на ,,Водовод" со лопати во рацете го собраа наносот на улицата ,,Димитар Илиевски Мурато" на местото каде се сечи со Широк Сокак, како и на други места каде имаше потреба од расчистување.
Претпладнево пукна најголемата азбестна цевка што минува низ улиците Ленинова, Кирил и Методиј и Стево Патако, по што вода се излеа низ улиците. Екипи на ,,Водовод" излегоа на терен и го запреа истекувањето. Ќе се работи на санирање на дефектот.