АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наставници и ученици од Италија, Грција, Романија, Полска и Португалија од денеска се гости на ОУ „Стив Наумов“ од Битола, во рамките на проектот „Зелени училишта за одржлива иднина“ кој на неколку теми се реализира од 2017 година како дел од Еразмус програмата
Гостите во својот петдневен престој во Битола, заедно со домаќините, ќе работата на креирање на еко-градини во училиштето, а на досегашните одржани работилници, во Грција учениците и наставниците работеа на тема вода, за воздухот се работеше во Полска, а како да се штеди енергија во Романија.
Целта на проектот е да се воспостави трајна врска помеѓу децата и природата, а исто така да се работи на развојот на висока еколошка свест кај учениците од најмала возраст, која понатаму ќе ја применуваат во секоја област од нивното живеење.
Учениците од ОУ „Стив Науов“ како домаќини, денеска ги дочекаа гостите со традиционални обичаи, по што во малата сала на Центарот за култура беше изведена програма за добредојде. На првиот ден од нивниот престој, ја посетија и Општина Битола, каде градоначаничката, Наташа Петровска, ги запозна со основните карактеристики на градот, потоа гостите беа во посета на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а при посетатат на битолскот Завод и музеј се запознаа со истријата за нашиот град.
Од утре учениците и наставниците вклучени во проектот, започнуваат со активностите во училиштето, потоа предавање во Информативниот центар на Пелистер и презентација на храна во Дихово. Активностите ќе продолжат и во следните денови со низа работилници, одржување на еко градини, селектирање материјали, изработка на е-книга, еко изложба, посета на Охрид и дружење на сите учесници во проектот.