АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денес до петок во Битола група од 50-тина наставници и ученици ќе учествуваат во таканаречената активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „ Биди зелен“. Домаќин на оваа активност е Средното општински училиште „Таки Даскало“. Овој проект се реализира во рамките на прогрмата Ерасмус плус, која е водечка програма на Европската Комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.
Директорката на СОУ „Таки Даскало“ Елизабета Наумовска посочи дека во проектот учествуваат ученици и наставници од партнерските училишта од Истанбул -Турција, Тагровиште - Бугарија, Вила Верде - Португалија, Баја Маре - Романија и Авр - Франција.
„Главна цел на овој проект е "зеленото образование" и неговите различни начини на интеграција во образовните системи во Европската унија. Учениците се потикнуват да ги развијат своите "зелени" вештини додека работат на ваков иновативен и меѓународен проект. Конкретно во Битола, во рамките на оваа активност учениците заеднички ќе работат на запознавање и споредување на иновативние идеи за одржлив развој како и акциите кои предходно ги презедоа на ова поле во своите училишта, а се однесуваа на специфичните цели на интерес на проектот: храна, биодиверзитет, отпад, вода, енергија и солидарност“, рече координаторот на проектот Гордана Јордева.
СОУ Таки Даскало како училиште домаќин ќе организира посета на соларна централа, на етно ќука со традиционална „од нива на трпеза“ храна, на природонаучен музеј, прочистителна станица за вода, нагледни часови во училиштето, запознавање на културно-историски места, како и многу работилници поврзани со овие посети.