АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна дистрибуцијата на изборниот материјал за вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи в недела на 5 мај. Процесот се одвива под силно полициско обезбедување.
-Можам да порачам на фалсификаторите да не се мачат, бидејќи овие ливчиња се презаштитени и не постои можност за фалсификат, нагласи директорот на печатницата „Киро Дандаро“-Битола, Драги Милошевски.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски истакна дека навреме започна дистрибуцијата на гласачкиот материјал до секоја Општинска изборна комисија.
-Од печатницата „Киро Дандаро“ брзо и професионално се изврши предавањето на гласачкиот материјал и дистрибуцијата ќе биде навреме извршена од нашите 12 тимови. За вториот дел од кампањата можам да кажам дека помина мирно без некои посериозни нарушувања , кандидатите се држеа до свои агенди. Нормални се некои понервозни реакции од страна на кандидатите во последните денови пред вториот круг на гласање, но за нас е важно во недела да имаме еден чист коректен изборен ден, со што ќе потврдиме дека граѓаните на нашите држава можат да излезат и на демократски и фер начин да покажат дека можат да се спроведат чисти избори во нашата држава, рече Дерковски.