Општината апелира корисниците на полигонот да го користат пристапниот пат кој се поврзува со патот преку селата Долно Оризари - Карамани

Мај 22, 2019

Во текот на вчерашниот ден се случи сообраќајна незгода на преминот на железничката пруга во близина на полигонот за обука и полагање на возачи од Општина Битола, на патот кој се користи за пристап до земјоделските парцели од двете страни на патот. За среќа,  сообраќајната незгода помеѓу воз и патничко возило завршила со мали материјални оштетувања на возилото, без никакви последици за учесниците во немилиот настан, информираат од Општина Битола.

Со цел во иднина да бидат избегнати ваквите несакани ситуации, Општина Битола апелира до корисниците на полигонот за обука на возачи, да го користат пристапниот пат кој се поврзува со локалниот пат преку селата Долно Оризари - Карамани.

За таа цел, ја објавуваме патеката на движење за пристигнување до полигонот за обука на возачите, велат од општината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани