АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Апла. мк дознава од полициски извори дека се работи за убиство и самоубиство, на двајца сопружници во зградата број 19 во комплексот Стара болница. Нивните иницијали се М(1962) и С(1957) Ѓоревски.
Од полицијата за апла.мк потврдија дека од Итната медицинска помош во полиција пријавиле дека по претходна семејна расправија сопругот ја убил сопругата со пиштол ЦЗ 7, 62 па се самоубил.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител денеска попладнево изврши увид во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.
-Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место, стои во соопштението.
По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.