2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Средба Петровска-Тимоние: Франција и Битола имаат заедничка историја на срцето

Ноември 12, 2017

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, попладнево оствари прва официјална средба со градоначланчката на Битола, Наташа Петровска, на која разговараа за продлабочување на соработката.

-Сакав да и ги пренесам сите наши честитки и охрабрувања за успешна реализација на нејзиниот мандат. Како што знаете, историјата покажа дека Франција и Битола имаат една долга приказна, која е историја на срцето но и историја на паметењето. Утре во Битола ќе отворам еден меѓународен симпозиум што го организира Францускиот институт од Скопје на тема „Војна и мир“, кој ќе прерасне во годишна научна средба. Тоа е она што сакаме да го правиме во Битола, да развиваме посебни врски на соработка, околу сите теми што ја допираат историјата, уметноста, културата, рече Тимоние.

Петровска посочи дека соработката ќе се интензивира во пресрет на одбележувањето на два значајни датуми следната година.

-Ова е прва официјална средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, на која разговаравме за можностите на идните активности кои што се значјани и за двете страни. В година се одбележуваат 100 години од мировниот договор меѓу Германија и Франција, но и 50 години од збраимувањето на Битола со Епинал. Овие два исклучително значајни датуми, се причина повеќе да ја интензивираме соработката на сите полиња, особено на културен план, но и отварање на вратите на алтернативен , односно историски туризам. Драго ми е што овие два значајни настани се поврзани со мојот мандат, што сметам дека на некој начин се и привилегија, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Амабасадорот Тимоние, на денешната средба, уште еднаш ја потенцираше поддршката што Македонија ја има на патот на евроатланските интеграции.

-Франција е секогаш покрај вас, а ја имате нашата поддршка и на патот кон Европа по кој што вие повтроно тргнавте, рече Тимоние.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани