2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Доделени решенија за капитални инвестиции во Битола

Јули 31, 2019

Во присуство на премиерот Зоран Заев, директорот на  Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој Никола Бабовски и градоначалничката Наташа Петровска потпишаа договор за капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој. Преку оваа програма во поширокиот Пелагонсико-преспански регион ќе бидат инвестирани 101 797 260 денари. За 2019 година вкупно на државно ниво се издвоени финансиски средства во висина од безмалку 38 милиони евра за реализација на 202 проекти во цела територија на земјава.

„Преку реализација на овие проекти за кои денес доделивме решенија значитечно ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните и од овој регион и од цела Северна Македонија. Ќе се реконструираат патишта, ќе се прават пристапни патишта до земјоделското земјиште, ќе се уредуваат излетнички места, а ќе се направи и адаптација на пазарот во Битола. Во Општина Битола ќе се инвестираат вкупно 32 176 406 денари“, рече премиерот Зоран Заев. 

 

Премиерот додаде дека вакви решенија ќе добијат и општините Новаци и Могила. Како што истакна целта е секој граѓанин во секое населени место да ја почувствува промената во квалитетот на  животот.

„Ќе добиеме финансиска поддршка за општина Битола во три проекти преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството. Тие проекти се однесуваат на патот што го имаме од Кажани до Маловишта, излетничкото место во Лопатица и инфраструктурен зафат на делот покрај управната зграда во делот на Пазари. Ова се значајни проекти за граѓаните на општина Битола. Ме радува континуираната поддршка на Владата, сме ја имале во минатото ,но и денес се потврдува дека продолжува и убедена сум дека и во иднина ќе опстоиме со такава сериозна поддршка“, рече градоначалничката на Битола Наташа Петровска. 

Во Могила ќе се инвестираат 9 095 482 денари за реконструкција на локален пат за поврзување на село Долно Српци до регионалниот пат Р106 и поврзување на село Беранци до регионалниот пат Р106,како и пристапен пат до земјоделското земјиште.

Во Пелагонискиот регион ќе се реализират капитални инвестиции за реконструција и доградба на други локални патишта, како и означување на културни и природни знаменитости во Прилеп и Битола.67513696 338789590363054 3315391951359967232 n

68304521 371005313561109 8642405636224581632 n

67686102 364552130893731 5360521606663766016 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани