2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

РЕК „Битола“ набавува сопствена механизација за рудниците, инвестиција вредна 17,5 милиони евра

Февруари 10, 2021

РЕК „Битола“ потпиша договори со пет реномирани фирми за набавка на сопствена механизација за потребите на рудниците Суводол и Брод Гнеотино, инвестиција вредна 17 550 000 евра. Со ова, РЕК ќе задоволи околу 30 проценти од потребите за помошна механизација со што значително ќе се намалат вкупните трошоци за користење машини од надворешни фирми.

Заев: Заштеда до 30 проценти

„РЕК склучи договор со економски оператори за набавка на опрема за непречено производство на електрична енергија. Притоа, од аспект на вкупните трошоци за помошна механизација заштедата треба да биде околу 30 проценти“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека од објавените 47 парчиња механизација се набавуваат 36, а останатите поради несоодветни и пропусти во понудите ќе се објават повторно и многу брзо ќе бидат комплетирани.

Ќурчиевски: Најголема инвестиција во сопствена механизација за 4 децении

Предмет на набавката се багери, булдожери, камиони, автодигалки, цистерни, утвораувачи, ровокопачи и друго. Механизацијата се набавува од реномирани и докажани производители како Волво, Рено и други.

„Во текот на овие четири децении постоење на комбинатот ваков обем на набавка на механизација досега не се случила. Од 2008 година до денес беа набавени само неколку машини за потребите на рудникот Брод Гнеотино. Токму затоа РЕК ‘Битола’ во својата работа се потпираше на помошна механизација од надворешни приватни фирми. За овие услуги РЕК во периодот од 2006 до 2020 година исплатил над 120 милиони евра. Ветивме и набавуваме сопоствена механизација за рудниците“, рече Златко Ќурчиевски, директор на РЕК.

Тој додаде дека повеќе од двојно го намалиле износот за набавка на двојно поголем број машини од тендерот што бил распишани во 2017 годиа.

„Оваа набавка освен економска има и социјална димензија, машините ќе ги управуваат работници вработени во РЕК, а наша проценка е дека ќе бидат потребни најмалку 150 работници од најразлични профили кои во РЕК ќе ја обезбедуваат својата егзистенција“, додаде Ќурчиевски.

Ковачевски: Јагленот целосно ќе се замени со обновнливи избори

Во следните неколку години во РЕК Битола ќе се изградат фотонапонски електрани со инсталирана можност од најмалу 160 мегавати. Во план е изградба на когенеративна гасна електрана со можност од 250 до 400 мегавати во рамките на комбинатот кој ќе произведува и електрична енергија, но и топлинска за потребите на топловодниот систем кој е во фаза на тендерска документациоја и одлука за избор.

„Новите капацитети со својата инсталираа можност ќе одговорат на поголемиот дел од сегашниот капацитет на РЕК. Според нашите планови и овбврските што ги имаме со А интегрираната дозвола, блокот еден ќе биде првиот блок чие производство на јаглен ќе биде заменето со чисто производство на енергија од природен гас кој е поприфатлив еколошки“, рече Ковачевски.

Првиот блок ќе престане со работа во 2023 година. Но, производството на енергија од јаглен во еден дел ќе мора да продолжи, па до 2023 година трерба да се изврши темелна реконструкција на електростатските филтри на блок 2 и 3 во РЕК Битола кои ќе продолжат да работата во следниот период.

А до 2026 година да се заврши проектот за десулфуризација, со тоа ќе се задоволат највисоките европски еколошки стандарди, а во периодот кој следува постепено РЕК ќе треба производството од јаглен целосно да го промени со еколошпки прифатливи извори.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани