Webp.net gifmaker

Силен ветер во текот на ноќта ги остави битолчани без сон

Февруари 11, 2021

Силен ветер со брзина од над 80 километри на час кој во ноќните часови ја зафати Битола ги остави битолчани без сон. Ветерот откорна гранки од дрвја, искина кабли, а на некои места однесе и керамиди од покриви. 

Според УХМР, денес се очекува облачно време со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани