АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила ја собира отпадната слама и од неа прави пелети. Јавното комунално претпријатие под раководство на ве-де директорот Александар Чагорски заедно со вработените ја собираат сламата во атарот на селото Могила. Сламата потоа се преработува во пелетарката сопственост на општината. Покрај намалувањето на трошоците за греење се внимава и на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
-На овој начин правиме заштеда за греењето по училиштата и во истовреме го намалуваме загадувањето. Освен зградата на општината со пелети од лани се загрева и школото во село Ношпал , а од следната грејна сезона ќе се загрева и школото во селото Добрушево, вели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.