АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Под влијание на циклонска активност и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат на повеќе места во југозападните делови.
Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови.
Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на ноќта и во раните утрински часови, луѓето чувствителни на временски промени ќе имаат општа слабост и главоболка, а овие симптоми ќе претсанат во во претпладневните часови, се наведува во биометеоролошката прогноза на УХМР.