АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Станбениот комплекс што се гради во „Областа“ не остави цело лето со затворени прозорци поради прашината, улицата е редовно со кал,а за бучавата од градежните машини да не зборуваме“, реагираат жители на улиците „Нико Фундали“ и „Север и Југ“ во Битола каде се гради нов станбен комплекс.
Според нив од градежните работи се дига голема прашина и не можат да ги отворат прозорците во текот на денот, а асфалтот на улиците „Нико Фундали“ и „Север и Југ“ е постојано со кал во правец во кој се движат камионите на изведувачот.
Жителите од оваа населба бараат изведувачот да подигне повисока заштитна мрежа, зошто постоечката не е доволна за да се намали разнесувањето на прашината, како и тоа улиците по кои се движат камионите со градежен материјал и земја да се мијат намалку три пати на ден, велат жители од населбата во реакција до апла.мк.