АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Улиците околу големото градилиште кај „Областа“ и денеска се во кал. Жителите од зградите на улиците „Нико Фундали“ и „Север и Југ“ во Битола каде се гради нов станбен комплекс и денеска реагираат до Апла.мк, дека улиците каде што се движат камионите излегувајќи од градилиштето, се постојано со земја и кал. Градежниот оператор ги прска улиците со возило со техничка вода, но тоа очигледно не е доволно велат граѓаните илустрирајќи ја ситуација со фотографии од денеска после пладне. Жителите од околните згради бараат од наделжните соодветно и подолгорочно решение за проблемот.
Општинската комунална инспекција на 17 август годинава излезе на терен и побара од фирмата изведувач на станбениот комплекс во „Областа“ да го почитува Законот за градба и механизацијата да не излегува од градилиштето со валкани гуми, туку претходно да ги измие.
Инспекцијата тој ден го затекнaла операторот како веќе ги мие улиците во близина на градилиштето, но сепак фирмата според најавите ќе биде санкционирана. Од Општина Битола информираа дека пред почетокот на секоја градежна сеозна испраќаат писмо до сите градежни компании и ги потсетуваат да го почитуваат Законот за градба.