АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и Здружението на пензионери од Битола во Народниот театар во Битола се организира културно уметничка приредба насловена „Пензионерите пеат“. На неа учествуваат девет фолклорни групи и ансамбли од југоисточна Македонија кои што презентираа претежно фолклор и песни од нивните места. Приредбата ја поздравија претседателот на Здружението на пензионери Томе Димитровски, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.