АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
17 годишниот Рамон Казимов го освои златниот медал на Државното првенство во бокс што викендов се одржа во Охрид. Казимов се натпреваруваше во категорија од 69 килограми. Неговиот тренер Александар Најдовски-Сканта е повеќе од задоволен од резултатот и вели дека успехот на Казимов се должи на неговиот карактер, дисциплината и умешноста да го прифаќа и применува искуството на својот тренер во градењето на неговата кариера.