АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нови 2, 5 милиони денари за субвенционирање на мерки против аерозагадувањето издвои власта во Битола со ребалансот на буџетот. Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола денеска најава дека и овие пари ќе бидат предвидени за намалување на аерозагадувањето за што Општината дополнително ќе објави детали во наредните денови.
-Претходно 2, 5 милиони денари беа издвоени за субвенционирање на клима уреди, а сега уште 2 и пол милиони денари за мерки против аерозагадувањето, најави Груевски.
За Иванчо Тошевски од Вмро Дпмне со доаѓањето на СДСМ на власт имало зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух за најмалку три пати повеќе од она што било претходно.
-Мерките кои се преземаат се далеку од суштински, туку станува збор за популистички мерки , а крупните проекти она што требаше да биде темел на борбата против загадувањето во делот на пречистителната станица, гасификацијата, топлификацијата, филтрите во РЕК-Битола во моментов сите процеси се стопирани , со нула проценти реализација, рече Тошевски.
Што се однесува до реализацијата на буџетот за третиот квартал за власта таа е позитивна, а за опозицијата неповолна.
Груевски вели дека реализацијата за третиот квартал е околу 72 проценти, одлично достигнување во однос на прибирањето на приходите.
-До крајот на годината ги зголемуваме парите за јавната чистота за 4,5 милиони денари. Одржувањето на зеленилото на 4 милиони денари . Ја зголемуваме програмата за заштита на животната средина на 2, 5 милиони денари , одвојување пари за купување на акциите на Еурофарм Работник со што го заокружуваме процесот на спојување на двата клуба. Ги зголемуваме парите за лед осветлувањето низ градот, со што продолжуваме со промена на сијалиците по улиците со лед осветлување . Ја зголемуваме социјалната помош, и во однос на другиот дел имаме зголемување на платите на ЈП Комуналец за околу 6 проценти, рече претседателот на Совет Груевски потенцирајќи дека една од поважните работи е тоа што се издвојуваат пари за плаќање на долговите на училиштата во основното образование, она што беше наследено од претходниот период.
За Тошевски бројките од извршувањето на буџетот го покажуваат неработењето на власта.
-Во делот на јавното осветлување додека градот ни е во темница имаме намалување на ставката од 10 на 3 милиони денари, а со третиот квартал локалната власт досега успеала да реализира 1, 28 проценти. Во делот на изградба на улици има зголемување на ставката од 26 милиони на 61 милион денари , а со трет квартал се реализирани 32 проценти. Во делот на реконструкција на улици од планираните 65 милиони имаме намалување на 39 милиони денари, а реализирани се 14 проценти. За атмосверска и фекална канализација од 43 милиони денари ставката е намалена на 29 , а реализирани се 12 проценти, рече Тошевски.
А.Б