2win800x200

Битола ќе добие 5 милиони денари од Владата за намалување на аерозагадувањето

Август 20, 2019

Над 5 милиони, поточно 5.054.762 денари е издвоениот износ за Општина Битола, по реализираниот јавен повик на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, објавен од страна на Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на 17.05.2019 година, информираат од Општина Битола.

Согласно јавниот повик за избор и рангирање на најзагадените градови/општини кои ќе бидат корисници на опремата од дел IV, точка 2 (2.1.1 – Горилници на плин (гас), АЦ Инвертер клими, ВРФ Систем, Топлински пумпи) од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година (Службен весник на РСМ 18/19 од 28.01.2019 година), Комисијата за спроведување на постапката за избор на корисниците-градовите за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, одлучи да издвои 5.054.762 денари, за која вредност ќе биде набавена опрема, согласно доставените проекти.

Граѓаните дополнително ќе бидат информирани за објектот/објектите, за кои ќе биде наменета опремата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани