2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ДАНОЧНИЦИТЕ СО ДОНАЦИЈА ЗА СИРАЧИЊАТА ВО БИТОЛА

Ноември 27, 2017

Вработените од Управата за јавни приходи по повод верскиот празник Свети Матеј, познат како Денот на даночниците, ја покажаа својата хуманост донирајќи пелени и средства за хигиена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

 

„Управата за јавни приходи шеста година по ред ја одржува својата традиција во делот на хуманоста под мотото ‘Биди човек, биди хуман’. Целиот колектив во Управата за јавни проходи собра парични средства и ги купивме неопходните работи што беа потребни во овој дом.  Претходно имавме и крводарителска акција за вработебни во УЈП со една достапна бројка од околу 150 даночници кои денес даруваа крв за да спасат живот. Секогаш УЈП ќе биде на страната на хуманоста, човечноста и секогаш ќе помагаме онаму каде е најпотребно“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Директорката на Домот за доенчиња, Соња Илиевска, се заблагодари за хуманиот гест на вработените во УЈП, додавајќи дека со оваа донација ќе им се збогати животот на 69 дечиња кои живеат во колективна заедница во Домот за донечиња и мали деца во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани