Ноќеска (во периодот од 00.30 часот до 02.00 часот, на подрачјето на Полициска станица Битола, спроведена е заедничка акциска контрола на полициски службеници со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и УЈП во угостителски објекти во Битола каде се затекнати 4 лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид сертификат за што се изречени соодветни санкции.
При контролата регистрирани се и други неправилности од страна на УЈП и ДПИ за што се изречени соодветни мерки.