
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот инспекторат при Општина Битола од вчера започна со дежурства на терен, надвор од редовното работно време и прими дојави за триесеттина дивеења во делот на градежништвото и јавната чистота.
Веќе при првото дежурство беа констатирани над 30 случаи, најмногу во областа на градежништвото, јавната чистота и комуналните дејности. Инспекторите затекнаа ситуации со несоодветно постапување со градежен шут, комунален и друг вид отпад – прекршувања кои директно го загрозуваат урбаниот лик и животната средина. Дел од прекршителите се откриени и им е изречена усна опомена со даден рок за отстранување на констатираните неправилности, а во дел од случаите, постапувањето од страна на сторителите е веќе започнато, соопшти Општина Битола .
Инспекцискиот тим постапувал и по пријави од граѓани, што уште еднаш се потврдува дека граѓанската свест и вклученоста се клучен сојузник во зачувувањето на јавниот ред и чиста средина.
-За сите случаи кои не се во надлежност на општинскиот инспекторат – како што се брзо управување со мопеди, мотори и моторни возила, улични трки и прекумерна бучава од сообраќајот – граѓаните беа информирани веднаш да пријават до СВР Битола, со цел навремено постапување и заштита на јавниот ред и мир.
Вонредните инспекциски надзори продолжуваат и во наредните денови, а Општината ги охрабрува граѓаните да пријавуваат прекршувања и по работно време, на дежурниот број 075 388 797.
Со воведувањето на дежурствата, Општина Битола јасно го демонстрира својот одговорен и активен пристап кон заштитата на јавниот интерес, урбаното уредување и животната средина. Општина Битола, заедно со граѓаните, создава услови за побезбедна, почиста и поуредена Битола, соопшти Општина Битола .