2win800x200

Пронајдена дрога и затекнати пијани малолетници во објект во Битола

Март 06, 2022

На ден 05/06.03.2022 год. во временскиот период од 23.30 до 01.30 часот, по претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Битола и Отсекот за криминалистички работи Битола во координација со Државен пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во објект лоциран во индустрискиот дел на Битола, во хала, изнајмена за организација на музички настан.

 
При контролата затекнати се 5 малолетници под дејство на алкохол, на 114 лица утврден е идентитет, а додека преглед е извршен на 57 лица при што лицето И. П(18)од Прилеп е лишен од слобода по чл. 215 од КЗ и кај него пронајдена е марихуана и екстази.
 
Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности при што објектот е затворен, а по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани